Од Скопје зависи дали ќе има решение

Не можам да кажам кога ќе има конечен договор затоа што случајот сега е веќе кај Скопје, вели алтернативниот министер за одбрана на Грција, Фотис Кувелис,  во интервју за грчката држава ЕРТ.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Кувелис вели дека Грција, преку Никос Коѕијас, ги доставила грчките позиции и условите за суштинско решение, а сега одлуките треба да ги донесе Скопје.

– Ако ме прашате дали можам да одредам конечен датум, дали ќе се постигне договор, ќе ви кажам дека не можам да дадам и не можам да кажам, затоа што случајот сега веќе се наоѓа кај ПЈРМ, рече Кувелис за ЕРТ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.