Од стрес, бременост или алкохол – Каков стомак имате и како да се ослободите од вишокот?

Од стрес, бременост или алкохол – Каков стомак имате и како да се ослободите од вишокот?

Повеќето жени мислат дека вежбањето во теретана е најдобриот начин да се добие рамен стомак. Сепак, според експертите, тоа не е точно.
Со цел успешно да се врати (или постигне) завидна фигура, прво мора да откриете каков вид на стомак имате. Промените во вашиот ритам на животот или промена на навиките за јадење секогаш влијаат врз телото, создавајќи масни наслаги на одредени делови.
Кога ќе дознаете што ги предизвикало маснотиите во абдоменот, ќе можете да започнете активно да ги отстранувате.

Стомак од стрес
Таквиот стомак, како што подразбира името, се појавува како резултат на стрес. Повеќето од маснотиите се наоѓаат веднаш под градите и околу папокот, а стомакот е тврд на допир.
Ако имате ваков стомак, треба да го елиминирате стресот, да го ограничите консумирањето на кафето и да јадете повеќе храна што содржи магнезиум.


Хормонски стомак
Ако стомакот ви изгледа како перница од двете страни, мек е на допир, а маснотиите се во долниот дел, тоа значи дека имате хормонален стомак. За да се ослободите од вишокот на ваквиот тип на стомак, треба да го ограничите внесот на масната храна и да јадете повеќе авокадо, риба, ореви и јајца.

Вежбајте седум минути во вашиот дом за фит тело

Стомак од алкохол
Како што подразбира името, овој вид на стомак се јавува кај луѓе кои се склони редовно да консумираат алкохолни пијалоци.
Ако пиете многу пиво или голема количина други алкохолни пијалаци, тоа може да создаде маснотии на стомакот, особено кај мажите.
Ограничите ја консумацијата на алкохолот и јадете повеќе овошје и зеленчук.


Стомак после бременост
Ако имате таков стомак, веројатно сте родиле неодамна. По породувањето не е лесно да се врати линијата, бидејќи имате многу обврски околу бебето, па немате време да се посветувате на себе и да вежбате.
Она што можете да го направите е да додадете риба, ореви, маслинки и друга храна која содржи добри масти во вашето дневно мени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.