Од утре ќе биде пекол, предупредува УХМР

Под влијание на многу топла воздушна маса од утре до петок времето во земјава ќе биде сончево и многу топло, нагласуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Од таму соопштуваат дека максималните температури ќе бидат над 30 степени, а во југоисточните делови од земјава ќе достигнат и до 40 степени. В петок во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност. УВ зрачењето ќе достигне 9.


Сончево и топло време со мала до умерена локална облачност ќе преовладува денеска до крајот на денот. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 36 степени, а вредноста на УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и умерен до засилен северен ветер, со максимална температура до 35 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.