Одбележување 80 години од Антифашистичкиот фронт на жените на Македонија

Со повеќе настани во текот на декември ќе биде одбележана 80-годишнината од формирањето на Антифашистичкиот фронт на жените (АФЖ) на Македонија (14-15 декември 1944). 

Како дел од одбележувањето на јубилејот од формирањето на масовната женска организација АФЖ во Македонија, во периодот од 12 до 24 декември ќе се одржат  културно-уметнички настани, како и промоција на зборник научни трудови, тркалезна маса и уметничка изложба. 

Целта е комеморативно, научно и критичко практикување на културата на сеќавање во однос на историјата на АФЖ. Меѓу гостите и учесниците на настаните ќе бидат бројни домашни и регионални експерт(к)и и активист(к)и релеватни за опфаќање на различните значења на јубилејот, од историска, родова и социполитичка димензија, информираат организаторите кои денеска на прес-конференција ќе ја соопштат програмата со планираните активности за одбележување на јубилејот.

Пронајдете не на следниве мрежи: