Маја Маринковиќ е една од главните учеснички на телевизиското шоу ,,Задруга” а нејзините конфликти со партнерите се веќе во центарот на вниманието. Таа влезе во шестата сезона само неколку дена по љубовниот скандал со Пеца Распоповиќ, сопругот на нејзината поранешна најдобра пријателка Александра Суботиќ.
Поради големиот интерес на јавноста за овој скандал, хонорарот на Маја во ,,Задруга” се зголеми – претходните сезони добиваше по 2.000 евра неделно, сега 4.000, а татко и’ откри што ќе прави Маја со сите тие пари кога ќе го напушти реалното шоу.
„Кога ќе излезе од ,,Задруга”, ќе отвори козметички салон односно салон за убавина. Купи стан, сега купи и продавница. Сака да направи нешто за себе. Среќна е моментално“, изјави Таки за Магазин Ин.
Причината поради која Маја ќе отвори салон за убавина меѓу другото е и во тоа што таа завршила средно фризерско. Своевремено нејзината школска другарка за медиумите раскажа како Маја изгледала тогаш, но открила и дека ја повторила првата година.
„Маја не беше баш примерна ученичка. Таа одеше во средно фризерско училиште и бидејќи е една година постара од мене, падна 1-ва година и така дојде во мојот клас. Никогаш не беше заинтересирана за училиште, учење и добри оценки.На часовите претежно отсуствуваше а ,,двојчиња” добиваше поради татко и’ Таки.Тој често доаѓаше на училиште, разговараше со наставниците и ги молеше да ,,прогледаат низ прсти” за нејзините оценки и однесување поради што бише и на работ да биде избркана од училиште за неоправдани изостаноци“, откри нејзината другарка.
Истиот извор открива дека Маја „секогаш била лидер во друштвото“.
„Отсекогаш сакаше да се истакнува. Сите се плашеа од неа бидејќи беше склона кон физички пресметки со секој што ќе и’ се најде на патот. Знаеше да турка клупи во ходникот кога беше лута и кога нешто не и’ се допаѓаше. Никој не смееше ништо да и’ направи. Ја паметат по приказните за нејзиниот град кои секогаш и’ биле главна тема, исто така и по нејзините момчиња кои најчесто биле вклучени во криминални активности, како и по парите и подароците што ги добивала од нив и често се фалела. Отсекогаш сакала да ја забележуваат, па затоа за време на втора или трета година гимназија направила естетска операција на градите и усните, што за нас тоа беше табу тема“, заврши нејзината другарка.
Пронајдете не на следниве мрежи: