Министерот за надворешни работи Ели Коен денеска ги повлече израелските дипломатски претставници од Турција „со цел да ги преиспита односите меѓу Израел и Турција“, рече тој во изјавата на социјалната мрежа „Х“, порано позната како Твитер.
- 18-годишник од Липково прегазил девојка, па избегал
- Приведен 51-годишен маж од Василево, во неговиот дом била пронајдена марихуана
- Еуроњуз: Скопје ќе може да напредува на својот пат кон членство во ЕУ само ако продолжи да ги поправа односите со Софија
- Српски новинари добиле закани: „Куршум во тилот“ ако стапнете во Косово
- Голем пробив на подземната инфраструктура од страна на Град Скопје
- Шефот на тајната иранска служба бил израелски шпион
- Македонија добива нов извор на гас, започна со работа терминалот Александропули
- Руте ја презеде функцијата генерален секретар на НАТО
- „НЕ ЗНАМ КАКО СТОЈАМ НА НОЗЕ“: Славна холивудска водителка се бори со три тешки болести
Коен ја даде изјавата веднаш откако турскиот претседател Ердоган го повтори своето тврдење дека Хамас не е терористичка организација и го опиша Израел како окупатор.
Да потсетиме, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска на голем митинг за поддршка на Палестинците во Истанбул изјави дека Израел е окупатор и дека палестинскиот Хамас не е терористичка организација.
„Израелците беа многу навредени од ова. Турција ќе го претстави Израел на светот како воен злосторник. Сепак, главниот виновник зад сето ова што се случува (во Газа) е Западот. Го прашувам тој Запад, дали сакате да ја создадете атмосферата на друга крстоносна војна?
Оние кои леат крокодилски солзи над цивилите убиени во украинско-руската војна, сега немо ги гледаат убиствата на илјадници невини деца во Газа“, рече Ердоган, пренесува Anadolu Agency.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.