Одредени се двојките за полуфиналето во фудбалскиот Куп на Македонија.
Бранителот на трофејот Македонија ЃП ќе и гостува на Воска Спорт додека Шкупи во првиот натпревар го пречекува Тиквеш.
Во полуфиналето се играат по два натпревари, првите се закажани за трети, а реваншите за 17 април.
Според календарот решавачкиот натпревар за трофејот на програмата е на 22 мај, а почетокот е закажан за 19 часот.