ОЛАФ (Европската агенција против измами) утврдиле злоупотреба на европски пари во МЗШВ

Откако Европската агенција против измами, ОЛАФ, минатата недела објави дека во 2022 година спровела четири истраги во Македонија од кои три завршиле со препораки, но без да каже за какви неправилности се утврдени и какви препораки се дадени, Министерството за земјоделство и водостопанство денеска излезе со информација дека на 18 април оваа година токму од Европската комисија до нив стигнал допис за неправилност поврзана со договор финансиран од страна на Европската унија во висина од 600.659 евра. Македонија во тој проект учествувала со кофинасирање во износ од 66.739 евра, поточно целиот проект чинел 667.399 евра.

ОЛАФ (Европската агенција против измами) утврдиле злоупотреба на европски пари во МЗШВ

„СТАНУВА ЗБОР ЗА ПРОЕКТ СКЛУЧЕН 2015 ГОДИНА, ЗА ОДРЕДЕН СОФТВЕР ЗА МИНИСТЕРСТОВТО, ПРЕКУ ИПА ПРОГРАМА, ДЕЦЕНТРАЛИЗИРАНА, НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ПРЕКУ ДЕЛЕГАЦИЈА НА ЕУ. ЗА ОВОЈ СЛУЧАЈ ОД 2015 ГОДИНА Е НАПРАВЕНА РЕВИЗИЈА ОД СТРАБНА НА ЕВРОПСКОТО БИРО ОЛАФ. ИМАМЕ КОНЕЧЕН ИЗВЕШТАЈ, ВЛАДАТА ПРЕД ОКОЛУ ЕДЕН МЕСЕЦ ГО УСВОИ ИЗВЕШТАЈОТ НА ПРЕДЛОГ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ И ИСТИОТ Е ПРОСЛЕДЕН ДО ОСТАНАТИТЕ ИНСТИТУЦИИ, СОГЛАСНО СИТЕ ПРАВИЛА“, ИЗЈАВИ ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ, МИНИСТЕР ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО.

Една од институциите до кое е проследен случајот е Основното јавно обвинителство за организиран криминал каде, како што информираат од министерството за земјоделство за Телма, веќе се води постапка за овој случај, но без повеќе детали за тоа колку од 667 илјади евра се злоупотребени и колку лица биле вклучени во тоа.

Од министерстото притоа го повикуваат Обвинителството во целост и до крај да го расчисти овој случај, за што Министерството се става целосно на располагање во обезбедување на потребната документација. Николовски денаска ги повика и европските ревизори да прават контроли.

„КОГА ИМА ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА, КОГА ИМАМЕ ДОГОВОР КОИШТО ИМААТ ФИНАНСИСКИ ИМПЛИКАЦИИ, СЕКОЈА ЕДНА РЕВИЗИЈА Е ДОБРОДОЈДЕНА. ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ТРЕБА ДА ПРОДОЛЖИ ДА ГИ ВРШИ СВОИТЕ КОНТРОЛИ“, ВЕЛИ НИКОЛОВСКИ.

Инаку истрагата на ОЛАФ била во врска со договор за користење на претпристапна помош, потпишан на 20 ноември 2015 година, по тендерска постапка „Надградба на информацискиост систем за земјоделство и воспоставување системи за размена на податоци помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и другите релевантни институции“, кој е спроведен децентрализирано во рамките на Програмата за помош при транзиција и институционална надоградба.

Истрагата на ОЛАФ кој за овој случај завршил со конечен извештај не се открива дали освен кривично гонење за што случајот е процесуиран до Обвинителството за организиран криминал, од Македонија е побарано да ги врати злоупотребените средства на Европската унија и дали има и други импликации од случајот, евентуално дисциплински препораки кои опфаќаат инволвираност и на европски претставници во неправилното управување со средствата и административни препораки за дминистртативни мерки различни од поврат на средства и дисциплинските мерки.

Инаку ОЛАФ во последниве пет години, поточно од 2018 до 2022, отворил 18 истраги, од кои седум биле затворени со препораки, а за еден случај нема податок дали е затворен со препорака.

Во 2020 и во 2021 година Обвинителството за организиран криминал отвори два предмети за злоупотреба на евросплки фондови во земјава. Првиот беше против именуван функционер т.е. државен секретар и раководен државен службеник во Министерстовто за информатичко општество и администрација кои проневериле 42.000 европски пари од ИПА и вториот случај против против поранешната директорка и двајца вработени во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност за проневера на средства во висина од 320.000 евра.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.