Олимписките комитети на С. Македонија, Косово, Франција, Албанија и Црна Гора потпишаа меморандум за соработка

Меморандумот за соработка „Балканска соработка 5“ опфаќа различни прашања за соработка пред и по Олимписките игри „Париз 2024“ и ќе важи до 2028 година.

Oлимпискиот комитет на Косово (КОК) и делегациите на Олимписките комитети на Франција, Албанија, Црна Гора и Северна Македонија потпишаа меморандум за соработка „Балканска соработка 5“ во Приштина.

Меморандумот за соработка „Балканска соработка 5“ опфаќа различни прашања за соработка пред и по Олимписките игри „Париз 2024“ и ќе важи до 2028 година.

Овој меморандум предвидува соработка на три нивоа: спортско ниво или соработка меѓу тренери и спортски судии и организации од различни заеднички кампови; административното ниво во рамките на кое беше потпишан денешниот меморандум и кој вклучува размена на знаења и соработка на персоналот на одборот; како и на дипломатско ниво каде се очекува заедничко лобирање на земјите една за друга на различни позиции во меѓународните спортски институции.

Претставниците на олимписките комитети потпишувањето на овој меморандум го оценија како историско и истакнаа дека оваа соработка уште повеќе ги поврзува соседните земји.

Претседателот на Kосовскиот олимписки комитет (КОК), Исмет Красниќи, рече дека овој договор е многу важен за КОК и другите комитети потписници.

„Верувам дека оваа соработка ќе биде голема поддршка и голема помош и верувам дека многу скоро оваа група ќе биде во Париз, да го посети Париз и Францускиот олимписки комитет и да видиме како се подготвуваат за Олимписките игри во Париз 2024 година“, рече Красниќи.

На потпишувањето на меморандумот присуствуваше и потпретседателот на Францускиот олимписки комитет, Пјер Сиутат, кој го изрази своето задоволство од започнувањето соработка со Олимпискиот комитет на Косово и Олимписките комитети на другите соседни земји.

Олимпискиот комитет на Северна Македонија го претставуваше Даниел Димевски, Олимпискиот комитет на Албанија претседателот Фидел Или, а Олимпискиот комитет на Црна Гора Игор Вушуровиќ.

Претставниците на олимписките комитети во текот на денот беа примени од претседателката на Косово, Вјоса Османи, и премиерот Албин Курти, како и од заменик-министерката за култура, млади и спорт на Косово Даулина Османи, со која разговараа за подготовките зa олимписките игри во Париз 2024 година.


Пронајдете не на следниве мрежи: