Докторот Диего Даниел Дијаз Торадо од Куба е познат пластичен хирург кој често објавува трансформации кои ги прави на својот „Инстаграм“ профил. И додека луѓето порано криеја дека направиле нешто на себе, сега се е јавно, а нивните големи промени оставаат многу луѓе во шок.Најпопуларните пластични операции се операциите на градите и носот, но како што медицината напредува, лекарите буквално можат да го променат личниот опис на една личност. Овој пат доктор Даниел покажа како популарното “arabian face” изгледа на средовечна жена. View this post on Instagram A post shared by Diego Daniel Diaz Torrado (@dr.danieldiaztorrado)Отпрвин тешко е да се поверува дека се работи за истата личност, бидејќи жената изгледа и до 15 години помладо, а брчките и старечките дамки исчезнале.„О, можно ли е ова?“, „Она кога баба сака да стане девојка “, „Ужасно што прават луѓето“, „Природното стареење е најубаво“, беа само дел од коментарите.Техниката „Арбиско лице“ има за цел да ги подигне и репозиционира подлабоките ткива на лицето, особено слојот на површинскиот мускулоапоневротски систем. Оваа техника е најефикасна за подмачкување на средниот дел на лицето, усните и вратот.
Пронајдете не на следниве мрежи: