Под мотото „Сите сме исти, сподели среќа“, по повод одбележување на 3. декември – Денот на лицата со попреченост, Одделението за детска, социјална и здравствена заштита при Општина Карпош, денеска објави Јавен повик за доделување на еднократна парична помош за оваа категорија на граѓани во висина од 3.000 денари.
- Град Скопје ја поздравува одлуката на Владата да му позајми нафта од државните резерви
- Седумте земји со најчист воздух во светот
- Син на турски градоначалник почина во затворот Шутка
- Шест видови на храна кои треба да ги јадете често доколку сакате да имате најсилен можен имунитет
- Арсовска: Небулоза на Бирото за јавни набавки, па која фирма сака да го снабдува загубарот ЈСП со гориво?
Право на остварување на еднократна парична помош имаат само лицата со попреченост коишто се жители на општина Карпош.
- За таа намена, тие треба да достават соодветна документација до Архивата на Општина Карпош (ул. „Радика“ бр. 9, барака 2), најдоцна до 15.12.2023 година, којашто треба да содржи:
-Копија од лична карта (со која се докажува дека подносителот е жител на општина Карпош);
-Копија од трансакциска сметка (на име на подносителот на барањето);
-Наод и мислење за вид и степен на попреченост во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби или конзилијарно мислење/наод, за остварување на право на додаток за попреченост во прв степен или пак, друг документ со кој се потврдува видот и степенот на попреченост, информираат од локлната самоуправа.
Барањето (формуларот) за доделување на еднократна парична помош, граѓаните можат да го проследат на следниов линк.
За сите дополнителни информации можат да се обратат во Одделението за детска, социјална и здравствена заштита на телефонскиот број 02/3055-939.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.