БРИКС, групата на земји во развој, веќе го надмина Западот на глобалниот пазар, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, додавајќи дека економскиот потенцијал на блокот бил истакнат на самитот во Казан, во Русија, кој се одржа од 22 до 24 октомври.
Ова е економијата на источниот свет. Пред 20 години ова немаше да биде голема вест, но сега овие земји според економските показатели вредат повеќе од западната економија – изјави Орбан за унгарската телевизија „Кошут“.
Состанокот на Европската политичка заедница во Будимпешта на 7 ноември го нарече „самит на западниот свет“.
Тој го опиша собирот предводен од ЕУ како „најголемиот дипломатски настан во историјата на Унгарија“.
Орбан очекува лидерите на повеќе од 40 земји, вклучувајќи ги ЕУ, Турција, Обединетото Кралство, Јужен Кавказ и Западен Балкан, да дојдат во Будимпешта за да разговараат за намалената конкурентност на Европа и можните геополитички предизвици со кои се соочува Европа по изборите во САД.