Орбан: ЕУ се обидува да ја убеди Унгарија за прашањето за Украина

Европската Унија (ЕУ) се обидува да го надмине спротивставениот став на Унгарија, со цел да се одобри нова финансиска поддршка за Украина и да ги започне преговорите за членство.

Лидерите на ЕУ денес ќе се сретнат во Брисел на последниот самит годинава.

Трето, па женско за Даниел Кајмакоски: Добредојде Емилија!
Поп пејачот Даниел Кајмакоски живее денови на голема радост и среќа поради божјата благослов да се оставри како татко по третпат. Имено, тој и неговата сопруга Марина повторно станаа родители, овој пат на женско бебе …
Студентка се самоубила затоа што ѝ рекле дека паднала на испит: Подоцна дојде корекција – го положила!
Студентката Маред Фолкс (21) била скршена кога добила е-пошта од Универзитетот во Кардиф во која и’ соопштиле дека паднала на испит па таа се самоубила.Девојката направила очајнички потег бидејќи била убедена дека нема да може да се …

Сепак, прво, продолжуваат напорите да се убеди унгарскиот премиер Виктор Орбан за прашањето во врска со Украина.

Според информациите добиени од извори од ЕУ, претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц, имаа петстрана средба со Орбан пред самитот.

Во својот извештај за проширувањето објавен на 8 ноември, Комисијата на ЕУ препорача почеток на пристапни преговори со Украина.

Подоцна унгарскиот премиер Виктор Орбан најави дека ќе стави вето на оваа одлука којашто треба едногласно да биде донесена во Советот на ЕУ.

Орбан, кој како оправдување за својата одлука ја наведе сериозната корупција во Украина и немањето резултати од западната поддршка во војната, исто така, се противи и на обезбедувањето 50 милијарди евра помош за Украина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.