Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека на Србија и е место во ЕУ и дека актуелното унгарско претседателство ќе дејствува во таа насока.
„Без Србија, ниту едно проширување нема да биде успешно, а секој што верува дека другите земји од Западен Балкан можат да се интегрираат без Србија, грешат“, рече Орбан на прес-конференција во Стразбур во зградата на Европскиот парламент.
Што се однесува до политиката на проширување, премиерот на Унгарија истакна дека Европа никогаш нема да биде целосна без интеграцијата на Балканот.