Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека иако договорот за слободна трговија на Србија со Кина би бил некомпатибилен со членството во ЕУ, Белград има право „да седи на две столици“.
- Камала Харис во август за кампања потрошила три пати повеќе од Доналд Трамп
- Просечната плата во Хрватска стигна до 1315 евра или речиси 700 евра повеќе од Македонија
- Расте бројот на загинати во израелскиот напад на Бејрут, меѓу загинатите има деца
- Познат идентитетот на загинатиот на патот Штип-Кочани: Во него удрил 26-годишен кочанчанец со „опел“
- Изградба на брза пруга Скопје-Солун со 200 километри на час, вели Николоски
На конференцијата на претседателите на парламентите на Југоисточна Европа во Будимпешта, Орбан рече дека постои група во Европската унија која го гледа проширувањето како проблем, пренесе Бета повикувајќи се на РТС.
Тој додаде дека за Унгарија проширувањето на Европската унија секогаш било можност и нешто што треба да се направи.
– Ако не го интегрираме овој регион на Југоисточна Европа, тоа ќе го сакаат другите. Откако не ја прифативме Србија, други се јавија, па сега имаат договори со Кина, рече унгарскиот премиер.
Тој додаде дека украинско-руската војна влијае на несигурноста на ЕУ за проширувањето.
– Ние Унгарците сме подготвени да платиме колку што е потребно за интеграцијата на Западен Балкан. Можете да сметате на нас за Југоисточниот регион да стане членка што е можно поскоро, рече Орбан.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.