Оригиналното сценарио за „Ѕвездените војни“ што го оставил актерот Харисон Форд, кој го толкуваше ликот на Хан Соло, во неговиот стан во Лондон, беше продаден на аукција во Велика Британија во саботата за 10.795 британски фунти.
Сценариото било користено кога Форд престојувал во Лондон за да го сними првиот дел од епската сага, првично насловена „Авантурите на Лук Старкилер“, во студиото „Elstree“ северно од Лондон.
Четвртиот нацрт на сценариото, датиран на 15. март 1976 година, го зграпчил австриски колекционер на наддавањето на Excalibur Auctions во Хертфордшир, северно од Лондон.
Во станот што во тоа време го изнајмувал во Лондон, Форд го оставил сценариото заедно со распоредот за снимање, кој е продаден за 4.826 фунти и писмо од агент или пријател, кое е продадено за 177 фунти.
Сопствениците ги нашле предметите и ги чувале со децении.
Нецелосната и неподвезена скрипта содржи ревизии и го воведува Хан Соло на страница 56. Филмот од 1977 година го катапултираше Форд до меѓународна слава.
Тој глумеше во продолженијата „Имеријата го возвраќа ударот“ (1980) и „Врачањето на Џедајот“ (1983), пред повторно да ја преземе улогата во „Силата се буди“(2015).
Аукционерот на Excalibur Auctions, Џонатан Тороде, рече дека продажбата поставила нов рекорд за сценарио на „Ѕвездените војни“, „покажувајќи како личната врска со предметите е толку привлечна за обожавателите на Ѕвездените војни“.