Оружена пресметка во Чаир

Ваљон Беља е повреден во синоќешното пукање во скопски Чаир. Како што неофицијално дознава ТВ21, Ваљон Беља му се јавил на градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу со кого побарал да оствари средба во Топанско поле, кај маркетот “Принц“. Според досегашните информации економскиот директор на Клиниката за Гинекологија, имал забелешки до градоначалникот заради тоа што му била стопирана платата која што ја примал од Општината. По ова, според неофицијални информации, градоначалникот на помош повикал други луѓе по што настанала тепачка која завршила со пукање.
Од МВР за ТВ21 велат дека вчера во 17:45 часот е пријавено дека на ул. „Лазо Трповски“ било пукано во В.Б. (40) од Скопје во пределот на десната подколеница.
Во него пукало лице кое било заедно со Е.Х., Е.А. и Р.Н., по што В.Б е пренесен во ГОБ Св.Наум Охридски. Се работи на расчистување на случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.