Причината е забавниот парк на Дедо Мраз каде се ужива во возења со санки со ирваси, снежни замоци и средба со Дедо Мраз кој ги исполнува желбите, но оваа година сè е поинаку.
Поради ограничувањата за патувања предизвикани од пандемијата, годинава нема гужви во лапонскиот град Рованиеми, а веселата божикна земја на чудата делува како напуштен град на духови.
„Ова беше поинаква и тешка година“, изјави Дедо Мраз за Agence France-Presse, седнат зад штитникот од плексиглас вграден во неговата пештера. Тој додаде дека неговите посетители го ценат фактот дека можат да заборават на тешката година и да уживаат во божикната радост.
Оние кои не можат да дојдат во Лапонија, сепак можат да купат разговор на далечина со Дедо Мраз, по цена од 79 евра за пет минути, а оваа услуга стана многу популарна.
„Луѓето оваа година најмногу посакуваа за среќа, здравје и малку повеќе среќа“, иако децата сè уште сакаат играчки и игри, вели тој.
Од 80-тите години на минатиот век, градот Рованиеми, сместен на околу десет километри јужно од Арктичкиот Круг, е промовиран како „вистинскиот“ дом на Дедо Мраз. Благодарение на тоа, финска Лапонија минатата година привлече рекордни 2,9 милиони туристи, претежно од Европа и Азија.
Оваа година, сепак, посетите се намалија на половина милион, повеќето од почетокот на 2020 година пред да се разгори пандемијата.
Во нивната пештера, Дедо Мраз и неговиот виленик прочитаа некои од илјадниците божикни писма што децата му ги испратија, и покрај пандемијата.
Зарем затворените граници нема да создадат тешкотии при доставувањето на сите овие подароци?
„Имам одлични вести за вас“, се смее Дедо Мраз, „годинава ќе има Божик“.
„Затоа, запомнете да бидете добри и уживајте одговорно.“