Освежувачки пијалак кој е одличен по здравјето

Лимонадата е најдобар избор за врелите летни денови, а можете да го подобрите нејзиниот вкус така што ќе додадете пробиотици во неа. Поради ферментацијата која се случува со оваа комбинација, ваквата лимонада содржи мноштво здрави бактерии кои се есенцијални за нормална функција на дигестијата.
Водениот кефир и комбухата се само некои од одличните продукти на ферментацијата, што ги прави полни со пробиотици и ензими.
Со тоа што бараат набавување на одредени бактериски култури и доволно време за да се направат, со помош на сурутка и освежувачка лимонада можете да добиете подеднакво моќен и здрав пијалак.
Оваа лимонада е многу лесна за припрема и се подготвува за само неколку дена, а не ви се потребни состојки како габи и слични култури.


Состојки:
• 150 гр. шеќер (кафеав, нерафиниран)
• 2,5 до 3 литри филтрирана вода
• 10 исцедени лимони или лимета
• 250 мл. сурутка
Начин на подготовка:
Во сад, шише или тегла од најмалку 3 и пол литри, помешајте шеќер со малку топла вода за да има во што да се истопи шеќерот. Додадете го сокот од лимон или лимета и наполнете до ¾ со вода.
Обезбедете место на собна температура и додадете ја сурутката. Добро покријте и оставете да стои два до три дена. Потоа, префрлете го садот во фрижидер и консумирајте 1,5 – 2 децилитри дневно.
Аромата на пијалакот ќе се интензивира со текот на деновите. Доколку вкусот стане прекисел, додадете малку стевија и промешајте.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.