Аманда Менди Вуд (37) за две години ослабела дури 70 килограми и тоа благодарение на само три правила до кои таа се придржувала со цел да го изгуби вишокот килограми. Менди ја започнала својата трансформација во 2015 година, откако и се смачило постојано да се чувствува уморно.
Вуд во тоа време тежела 170 килограми. Таа заминала на нутриционист кој и ја урамнотежил исхраната и го одредил нејзиниот внес на калории, што претставувал првиот чекор.
“Правам баланс во исхраната така што 35 проценти од моите калории се јаглехидрати, 25 отсто се масти и 40 проценти се протеини”, изјавила таа.
Вториот чекор бил вежбањето – по неколку неуспешни обиди во теретана, таа најмила личен тренер.
“Заминувањето во теретана е мојот омилен дел од неделата”.
Третата и за неа најважна работа е пронаоѓање на рамнотежа и поставување на разумни цели.
“Губењето на два килограми се многу поразумни и подостижни отколку 90”, вели Вуд која додава дека луѓето едноставно треба да бидат љубезни кон себе бидејќи никој не е совршен.
“Само не се откажувајте”, додала таа.