Потребни состојки:
1 кг ослич(филе)
2-3 моркови
1 помала главица целер
1 поголема главица кромид
Сос
Чаша бело вино(200 мл)
Чаша вода(200 мл)
Брашно
Масло
Сечкан магдонос
Сол
Начин на подготовка:
Исечкајте на кругови морков и кромид.
Во поголем правоаголен сад, кој претходно ќе го премачкате со масло, ставете ред филе од ослич, преку него ставете го сечканиот зеленчук, посолете и по желба додајте уште еден ред фил.
За сос: Загрејте две лажици масло, додајте две лажици брашно и малку сол. Мешајте неколку минути за да добиете смеса со светла боја. Во смесата додајте чаша вино и чаша вода. Варете кратко со мешање. Прелијте ја рибата со овој сос и запечете за кратко време. Наросете со сечкан магдонос.