Косовската претседателка Вјоса Османи денеска на втората годишнина од почетокот на војната во Украина изјави дека Косово стои покрај таа земја, бидејќи ја знае цената на слободата.
„Ние стоиме покрај Украина, бидејќи знаеме како е да се плати највисоката цена за слободата. Ја знаеме болката од загубата на невини деца, сексуалното насилство за време на војната, масовните гробници со посмртните останки на нашите најблиски. Но, победи слободата. пак ќе надвладее!Слава на Украина“, извика Османи на социјалната мрежа „Х“.