Основање на борд за валидација, составен од домашни и меѓународни експерти, кој ќе врши ветинг на сите проекти и закони за заштита на животната средина и ќе гарантира дека сите закони се одржливи, најави кандидатот за претседател од коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ, Бујар Османи.
Османи порача дека постои нераскинлива врска меѓу нашата околина и националната безбедност и ги повика сите да ја поддржат зелената агенда којашто ја става на прво место заштитата на животната средина.
– Овој борд ќе гарантира дека нема да потпишам ниту еден закон што е штетен за животната средина. Не смее економскиот раст да биде на сметка на животната средина и идните генерации. Мора да оставиме не само европска и економска, туку и зелена и одржлива држава, нагласи Османи.
Османи, појасни дека ваквите негови закожби се во рамки на суспензивното право на претседателот да не потпишува закони.