По изборите во Европската Унија, најверојатно ќе има нов посредник за дијалогот меѓу Косово и Србија, изјави косовската претседателка Вјоса Османи.
Османи нагласи дека тоа и го кажал актуелниот посредник во дијалогот на ЕУ, Мирослав Лајчак.
„Неколку месеци се клучни во процесот на дијалогот бидејќи изборите за ЕУ се во мај, по изборите за ЕУ ќе имаме нови комесари, нови функционери, кои ќе го преземат процесот на дијалог. „Најверојатно новиот посредник, колку што ми кажа Лајчак, затоа што има мандат до некаде во август“, рече таа.