Оставете ги децата да се извалкаат

Според научните истражувања, малку нечистотии се добри за здравјето на најмладите, бидејќи кај децата кои растат во строго чисти услови им се намалува одбрамбената способност на кожата и организмот воопшто.
Тим од американски научници кои долго правеле испитувања на оваа тема, тврдат дека безопасните бактерии кои се наоѓаат по нечистите предмети помагаат кожата да “вежба” одбрана, па така во случај на повреди, кожата подобро ќе реагира.
Тие исто така тврдат дека модерната посесивност со чистотата е причина за зголемениот број на алергии во западните земји.
Сепак, ова не значи дека децата треба да растат во апсолутно лоши и нехигиенски услови, туку зборува за тоа дека оние деца кои се премногу чувани од нечисти предмети и површини, имаат намелен (“ненавежбан“) организам од оние деца чија кожа и организам веќе научиле како да се справуваат со ниско-ризичните и речиси безопасни бактерии

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.