Остануваат само 7 дена за проверка на годишните даночни пријави од УЈП

Сите даночни обврзници имаат рок уште седум дена за проверка на податоците од своите претпополнети годишни даночни пријави, кои ги добија по електронски пат. До 31 мај, треба да ги потврдат или да извршат корекција. На крајот од месецов УЈП ги заклучува профилите и пријавите се сметаат за конечни. А, потоа ќе бидат разгледани од службата на Управата.
Ако службените лица не ги одобрат корекциите кои ги направиле граѓаните ќе донесат решение за да го утврдат перосналниот данок на доход кој го оствариле даночните обврзници минатата година.
Од УЈП велат дека поголемиот дел од граѓаните веќе ја извршиле обврската.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.