Остар пад на цените на акциите на Волстрит

Берзанските индекси на Волстрит во понеделникот забележаа најголем дневен пад од ноември минатата година, што е последица на остриот пад на цената на златото, нафтата и другите суровини, по слабите економски податоци од Кина.

Индексот Dow Jones падна за 1,79 отсто, на 14.599 поени, индексот S&P 500 потона за 0,36 отсто, на 1.552 поени, додека индексот Nasdaq беше во минус за 2,38 проценти, на 3.216 индексни поени. Ова е нивен најголем дневен пад од претседателските избори во САД одржани на 7 ноември.На продажба на акциите инвеститорите ги натера податокот дека растот на кинескиот бруто домашен производ во првото тромесечје, забави на 7,7 отсто на годишно ниво, со 7,9 отсто во претходниот квартал, што е под очекувањата и отвора прашање за тоа каква е состојбата во глобалната економија.Со оглед дека Кина е најголем светски потрошувач на суровини, забавувањето на тамошната економија предизвика стравување од слабеење на побарувачката за суровини, поради што вчера паднаа нивните цени.Цената на нафтата на берзата во Њујорк вчера падна за повеќе од 2,5 долари, на 88,70 долари по барел, најниско ниво од половината на декември. Цената на унца злато падна за над 140 долари, потонувајќи прв пат по две години под нивото од 1.400 долари.Поради тоа цените во рударскиот и енергетскиот сектор се најдоа под силен притисок и паднаа во просек за 3,9 отсто.
Макфакс
Берзанските индекси на Волстрит во понеделникот забележаа најголем дневен пад од ноември минат

Пронајдете не на следниве мрежи: