Островот Паг-хрватскиот рај за младите!

Познати како хрватската Ибица, островот Паг и плажата Зрче се една од најпознатата летна атракција за млади каде лудата забава е неизбежна. Млади луѓе,музика, забава до раните утрински часови, светски познати ди-џеи, море, прекрасни плажи…се дел од она што овој хрватски остров може да ви го понуди.

Островот по многу работи е посебен,  најмногу со изгледот се издвојуваат “камените пустини“. Источната обала на Паг со блискиот Велебит се изложени на ветрот кој нанесува сол и не дозволува развој на бујна вегетација.

Ретката вегетација е причината поради што патувањето на Паг ќе ви биде исклучително кулинарско искуство. Специфичната исхрана на животните е заслужна за карактеристичниот вкус на сирењето и јагнешкото месо за кои е неразделива придавката- произведено на самиот остров.
На Паг или  Островот на солта се уште се негува традиционалното “збирање“ на солта- во глинени базени (soline). На тој начин што во нив се внесува морската вода која испарува од сончевата топлина, а на дното останува солта.

Длабоко во заливот е сместен градот Паг, “музеј“ на средновековни градби кој е опкружен со дури 20 km плажи. Градот Паг претставува ризница на културното наследство од овој остров- везови и украсените со везови народни носии, драмските претстави Пашке Робиње кои се изведуваат на градските улици, фолклорни песни и карневали.

Островот Паг е и “дом“ на неколку од  занимливите подводни археолошки локалитети. Потопениот Римски град во морето во близина на Чашка на Паг ќе ви ја раскаже легендата слична со онаа за Атлантида. Остатоците од трговскиот брод од 1 век п.н.е. ќе ги воодушеви посетителите на Градскиот музеј во Новаља, во чиј подрум се наоѓа и влезот во рачно исклесаниот Римскиот водовод 2000 години стар.

А, забавата и журките се посебна и приказна сама за себе. Недалеку од Новаља, на прекрасната плажа Зрче летото се претвора во “фабрика за забава“. Клубовите по плажите се домаќини на фестивалите и најпознатите ѕвезди од светската клубска сцена.

 
Најпознати се денските забави кои станаа вистинска сензација , а продолжуваат  до раните утрински часови .Забавата без граници ги буди страстите кај сите, девојките разголени и качени по шанкови, а машките уживаат во глетките…  Пена забави , дружење, секси девојки, згодни момци, програма со најпознати ди-џеи , скокање со јаже, коктели…овде не постојат забранети нешта за младите.

 
За делот за забавата на Паг и Зрче, нема многу што да се пишува, бидејќи тоа треба да се доживее. Ако некогаш решите да го посетите овој остров никако немојте да ја заборавите плажата Зрче, ниту Аквариус клубот. Забавата на Зрче нема да ве чини ефтино , но сигурно ќе ви биде забава која ќе ја паметите цел живот. Погледнете ја галеријата и можеби ќе успеете да доловите само дел од убавини кој ве очекуваат на хрватската Ибица. Бидејќи сепак „Она што се случува  на Зрче, останува на Зрче!“
Познати како хрватската Ибица, островот Паг и плажата Зрче се една од најпознатата летна атракција за млади каде лудат

Пронајдете не на следниве мрежи: