СВР Скопје поднесе кривична пријава против дваесет и петгодишниот А.А. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице при вршење работи на безбедноста“.
На 15.03.2024, пријавениот физички нападнал затворски полициски службеник, кој се обидел да го спречи да побегне од казнено – поправната установа, каде издржувал затворска казна.