Аргентинците контроверзно ја прославија победата над пенали против Холандија откако буквално во лице им се радуваа на противиците, во таквата прослава предничеше Николас Отаменди.
Натпреварот меѓу Аргентина и Холандија изобилуваше со тензија, провокации, неспортски моменти и многу жолти картони. Кулминираше по мечот кога Аргентинците во лице им се радуваа на разочараните Холанѓани. Отаменди објасни зошто се случило тоа:
„Им славев во лице затоа што имаше еден холандски фудбалер, кој на секој пенал кој го изведувавме, доаѓаше и му зборуваше нешто на еден од нашите играчи. Сликата е извадена од контекст, ние славевме како одговор на тоа“, рече Отаменди.