Отворена затворска дискотека во Венецуела

 Во затворот на островот Маргарита во североисточниот дел од Венецуела на Велики четврток била отворена дискотека во којашто ќе гостуваат стриптизети и во која затворениците ќе имаат „слободен“ влез, пишува весникот El Universal.Поради извонредно лошата ситуација во венецуелските затвори во текот на минатата 2012 година смртно настрадаа 600 затвореници пишува весникот El Universal посветен на затворската дискотека. Клубот кој го носи името „El Yate club“ е отворена на Велики четврток пред прославата на католички Велигден, во затворот Сан Антонио во присуство на пријатели и семејства на затворениците на кои им упатиле покани преку социјалните мрежи.Во поканата детално е опишана дискотеката којашто може да прими до 600 „гости“. Според весникот, дискоклубот  е опремен со „спектакуларни светлосни ефекти, професионално озвучување, климатизери, а повремено ќе гостуваат и стриптизети“.Венецуелското министерство за правосудство не реагирало официјално на текстот. Но весникот повикувајќи се на извори блиски на министерството, пренесе дека забавата се оддолжила до раните утрински часови.Во Венецуела веќе неколку години се чувствува неподносливата состојба со затворскиот систем, во прв ред поради нивната пренатрупаност со осуденици, но и поради застарената и недоволна инфраструктура, како и насилството меѓу затворениците во кое минатата година смртно настрадаа 591 лице. Во голем случај затворите им се предадени на управување на самите затвореници кои се силно вооружени а понекогаш имаат и лидер.И покрај тоа што дискотеките се забранети во затворите во Венецуела, министерката за затворскиот систем Ирис Варела смета дека воведувањето на ваква активност во затворите може да придонесе кон намалувањето на насилството во нив. Во некои венецуелски затвори има и базени.Според податоците на невладините организации, во венецуелските затвори во 2012 година престојувале 48.262 затвореници, иако севкупниот максимален капацитет изнесува 16.539 осуденици.
Макфакс Во затворот на островот Маргарита во североисточниот дел од Венецуела на Велики четврток била отворена дискотека во којашто ќе гостуваат стри

Пронајдете не на следниве мрежи: