Откажан пречекот на француските фудбалери во Париз

Во Париз е откажан денешниот дочек на француската фудбалска репрезентација, која вчера загуби од Аргентина на пенали во финалето на Светското првенство во Катар.

Претседателот на Фудбалската федерација на Франција (ФФФ), Ноел ле Грет, во изјава за локалните медиуми прецизираше дека дочекот е откажан бидејќи фудбалери изразиле желба веднаш по слетување да заминат во своите домови.

Првично беше планирана кратка церемонија на Плас де ла Конкорд, но поради вчерашниот пораз веќе беше откажана традиционалната поворка на Шанзелизе. Сега, како што прецизираше Ле Грет, е откажана и кратката церемонија.

Авионот со француските фудбалери треба да слета на парискиот аеродром околу 18 часот.

„Играчите само сакаат да одат дома, така што нема да има дочек на Шанзелизе. Место тоа, ќе заминат во своите домови веднаш откако авионот ќе слета“, изјави претседателот на ФФФ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.