Откриен е „мистериозниот“ инвеститор на дивоградбата кај Мавровка, неа ќе ја урива ЈП за патишта

Откриен е „мистериозниот“ инвеститор на дивоградбата кај Мавровка, неа ќе ја урива ЈП за патишта

На првата седница, новата Влада денес го задолжи Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, односно поранешно „Македонија пат“ да ја урне дивоградбата пред трговскиот центар „Мавровка“ во центарот на Скопје.

Зоран Заев најави брзо расветлување на случајот, попладнево на „Фејсбук“ обзнани дека на денешната владина седница паднала одлука бетонската конструкција да ја руши Јавното претпријатие за патишта.

„Во рамките на оваа одлука Владата им препорачува на Општина Чаир и Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта да ги регулираат меѓусебните права и обврски да склучат Договор за отстранување на бесправно изграден градежен објект, делови од објекти и бесправно поставени објекти. По исполнување на обврските од договорот, Општина Чаир и Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, во рок од 7 дена, се задолжени да подготват и до Владата на Република Северна Македонија да достават соодветна Информација за извршување на обврските од одлуката“ – соопштија од Владата денеска.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.