Откриена тајна за најголемиот хит на Оливер: Потресните стихови требало да ги испее добро позната музичка група

Тончи Хуљиќ е во брак со текстописецот Вјекослава Хуљиќ, која го напиша еден од најголемите хитови на Оливер Драгојевиќ „Dva put san umra“.

Познатата песна била наменета за групата „Магазин“, но на пејачот Оливер Драгојевиќ толку многу му се допаднала што сакал да биде зачувана за него.

-Тој текст беше во машки род, а кога требаше да се смени во женски род, немаше сила и јачина на машки глас. Оливер веднаш се заљуби во таа песна, ми се јави да му ја зачувам, изјавила Вјекослава Хуљиќ во една емисија во Хрватска.
По смртта на Оливер, Тончи Хуљиќ сними инструментална обработка на песната „Dva put san umra“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.