Откриено колку навистина болат менструалните грчеви

Иако знаеме дека менструалните грчеви и болки можат да бидат толку болни и да создаваат чувство како некој повторно и повторно да ве удира во стомакот, да му се објасни тоа чувство на некој може да биде залудно.
Доколку се грижите дека колегите или пријателите ќе ве сметаат за чувствителна и драматична поради тоа што постојано се жалите на болка, тогаш веројатно молчите за вашиот проблем.
Менструалните грчеви или Дисменореја (стручниот поим) конечно се оценети како болка пред инфаркт. Професор по репродуктивно здравје на Универзитетот во Лондон, Џон Џулбод рекол дека неговите пациентки ги опишале грчевите слични на оние како за инфаркт.


Конечно знаеме дека менструалната болка може да биде многу болна како и блиското искуство со смртта, па затоа употребата на ибруфен е сосема логична. Игнорирањето на женската болка за време на менструација е за жал пракса со години во медицината, а лекарите често не ги сфаќаат сериозно тие проблеми како болката која ја имаат мажите. Сега на жените им се дава конечното признание дека се многу издржливи и проблемите со менструацијата се сфаќаат за сериозни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.