„Оф, логика, о знаење на историјата, о големо „умување“ на г-от Димитров и нему сличните!

Професорката Наташа Котлар од Институтот за национална историја испровоцирана од изјавата на министерот за надворешни работи, кој рече дела македонската нација е искомплексирана, му одговори на министерот дека има научна ризница, се истражува, проучува и се пишуваат огромен број на дела за историскиот развој на македонскиот народ, неговиот идентитет, јазик, фолклор…
„Оф, логика, о знаење на историјата, о големо „умување“ на г-от Димитров и нему сличните!
Ние Македонците не сме нација со комплекси, напротив!
Срам ни е нам, што ве слушаме, а и „учебникарите“ комисиски што бунцаат за историјата наша! Постои научна продукција од 73 години во РМ! Во оваа научна ризница, се истражува, проучува и се пишуваат огромен број на дела за историскиот развој на македонскиот народ, неговиот идентитет, јазик, фолклор итн.
Но во сегашново време има „сили во воздухот“ кои очајно прават се да ни го отткорнат коренот македонски, нашиот историски опстој и право на суверинитет. Генезата на македонскиот народ (како и на другите народи) има длабока вертикала на вкрстување во историскиот контекст од антиката до современието. Намерно не велам дека линијата е директна! Таа поврзаност ја согледале и нашите преродбеници од 19 век.
Така, учебникарот Димитар Василев Македонски од с. Емборе (денес во Егејскиот дел на Македонија), прв истакнал: „Македонците не се загубиле од лицето на земјата, како што си дозволуваат некои да велат, зашто, колку што знаеме ние, тие не згрешиле некогаш, па да зине земјата и да ги голтне“ (1871).
Слично на него и ГРИГОР ПРЛИЧЕВ, оној истиот „Гр.С.Пърличев, убит от българи“, на прославата одржана по повод 1000-годишнината од смртта на св.Методиј (1885) во егзархиската гимназија во Солун, на убав македонски јазик што имало специфичен резонанс во таа свечена атмосфера, го рекол следново:
„Учителите…[треба, б.н.] да ги учат вашите деца да станат добри граѓани и да си ја подигнат татковината, оваа убавица Македонија, оваа топла и благодатна Македонија, оваа плодовита Македонија, која ги подарила светите Кирил и Методија.
Не сте ли уверени, господа, оти нашата Македонија денеска е најдолна од сите земји во светот? Не е ли голем срам за Македонците, кои едно време преку Александра Великого го покорија целиот свет, кои после преку светите Кирил и Методија покрстија милиони Словени и ги просветија, денеска ние да бидеме најдолни од сиот свет во просвештението… Мајка Македонија многу е ослабнета.
Откако го породи великого Александра, откако ги породи светите Кирила и Методија, оттога мајка Македонија лежи на своето легло ужасно изнеможена, совршено примрена Мајка што родила великого сина надали ќе може да роди и другего?…“
Има уште многу, но за сега и ова е доволно за гореспоменатите (не)читачи! Книгите треба да ги читаме, заради стекнување на знаења и стекнување на цврст став и однос!“, пишува Котлар во обраќањето до Димитров.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.