Во документот, објавен од Одделот за јавно здравје во Лос Анџелес, а до кој дојде The Blast, се наведува дека причината за смртта на Пери е „одложена“ во очекување на деталната анализа на неговите токсиколошки резултати, откако првичните резултати покажале дека тој нема траги од нелегални супстанци фентанил и метамфетамин, објави Индипендент.
- Во Македонија има околу 130 илјади пациенти со дијабетес како и уште половина недијагностицирани
- Стриптизета му роди дете на најголемиот југословенски заводник: Ја донесе Брена на јахта, тој ѝ посвети песна на жената што ја изневерува (фото)
- Велеа дека со него е завршено засекогаш!
- (Видео) Кузеска: Власта ја партизира АЕК, во агенцијата вработена газдарицата на фирмата која требаше да ја гради спорната гаража
- Хороскопски знаци кои избираат погрешни партнери, но никогаш не се откажуваат од љубовта
- Посни колачиња кои не се печат: Супербрзи лимон бомбици готови за 10 минути!
- Пет БАБИНИ СОВЕТИ ЗА УБАВИНА кои ќе ви заштедат многу пари
- Тајсон: Не мислам дека ова е мојата последна борба
- Миле Китиќ се жени по трет пат, јавно призна сè: „Да имав проблеми со Марта…?“
Во документот се вели и дека актерот починал на 28 октомври во 16:17 часот во својот дом во Лос Анџелес и дека неговото безживотно тело било пронајдено во џакузи.
Во изводот на смртта стои и дека Пери работел во забавната индустрија како актер 38 години, а се наведува и дека сите потребни информации на истражителите им ги дал неговиот очув Кит Морисон.
Да потсетиме, најблиските пријатели и семејството на починатиот актер се собраа на интимна церемонија во Меморијалниот парк Forest Lawn во Лос Анџелес, во близина на студиото Warner Bros за последен пат да се простат од Пери.
Заедно со бројни пријатели и членови на семејството, на погребот беа и колегите од „Пријатели“, Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Мет Лебланк и Дејвид Швимер. „Анистон беше една од првите кои пристигнаа на погребот“, изјави извор за Дејли Мејл.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.