Оформени пет предмети во Уставниот суд за личните карти, возачките дозволи и пасошите

„Иницијативите се однесуваат на периодот на издавањето на овие лични документи, односно на нивното времетраење зашто некои сè уште се со важност, како и на слободата на движење која е ограничена“, рече денес претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска.

„Во Судот се оформени пет предмети и сите се доставени до судија-известил и советник на Судот. Конкретно не можам да кажам што е оспорено, но секако дека е оној период на издавање на личните документи, нивното времетраење, зашто има некои документи кои се сè уште со важност и слободата на движење која што е ограничена на овој начин. Но, тука граѓаните би морале да знаат дека слободата на движењето не е надлежност на Уставниот суд. Мора да разграничиме што е наша надлежност. Сега се надевам политичарите ќе разберат зошто јас 2,5 години бев силен поддржувач на уставната тужба. Ако ја имавме, тогаш граѓаните ќе се обратеа до Уставниот суд за секое нивно право и слобода на избор“, додаде Кацарска.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.