Охридската полиција шета по плажите: Бара и одзема марихуана

Вчера во 13:15 часот на плажа на брегот на Охридското Езеро приведени се четири млади лица од Битола – С.Б. (19), Ј.Ј. (19), Ј.С. (19) и А.Р. (19) кај кои при извршен преглед полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид пронашле и одзеле марихуана.

Истиот ден вечерта во 23:30 часот, на Кеј „Македонија“ во Охрид, приведен е С.С. (23) од Грац, Австрија. И кај него при преглед извршен претходно полициските службеници пронашле и одзеле марихуана.
Против сите ќе биде поднесена соодветна пријава.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.