ОЈО и ДКСК да ја испитаат аферата „тракторче“

Нова афера со астрономски суми, односно сомнителни јавни набавки со цени над реалните ги тресе градоначалниците на ДПМНЕ, реагираат од СДСМ денеска на прес-конференција.

Приведено лице барано со потерница
Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден бил приведен 30 годишник од Прилеп, баран со потерница. „На 28.09.2024 во 17.30 часот на плоштад „Методија …
Безалкохолното пиво станува се попопуларно, дури и на Октоберфест
Пивото без алкохол станува сè попопуларно во последниве години, бидејќи потрошувачката на пиво опаѓа. Тобијас Золо, главен производител на пиво на Вајхенстефан, најстарата пиварница во светот, има тајна: …

– Податоците и документите јавно објавени во дел од медиумите покажуваат дека градоначалниците на ДПМНЕ преку општините купувале неколкупати поскапи машини од реалната цена.

Општина Битола на пример, набавила машина за бележење хоризонтална сигнализација за речиси 50.000 евра, или точно 2 милиони и 950 илјади денари.

Иако вакви машини може да се најдат и за 2-3 илјади евра, па дури и помалку.

Замислете, станува збор за разлика од 47.000 евра!

Општина Велес исто така набавила ваква машина по исто така астрономска сума од 42.000 евра. Разлика од речиси 40.000 евра.

Прашањето е во чии џебови завршила разликата?

Особено имајќи предвид дека општина Илинден набавила иста таква машина по три пати помала цена од оние во Велес и Битола?!

Дали е ова уште еден пример за рацете во медот на првите луѓе во општините од страна на ДПМНЕ?

Сите овие информации се основано сомнение за злоупотреба на парите на граѓаните.

Го повикуваме надлежното Јавно обвинителство и Државната комисија за спречување на корупцијата да постапат, да го испитаат целосно случајот.

Рацете во медот е одлика за градоначалниците од ДПМНЕ и Јавното обвинителство и ДКСК мора да постапат.

Ако е ова шема за испумпување народни пари преку општините водени од ДПМНЕ мора да има одговорност, вели Каевски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.