Албанските кланови веќе две децении го контролираат пазарот на кокаин во Велика Британија, а единствен исклучок е Ливерпул, пренесува англиски Мирор.
Експерт кој се занимава со криминални банди, кој не сакаше да биде именуван, за британски ,,Сан” изјави дека албанските гангстери се веројатно најсилни во северен и источен Лондон, а дека се многу силни и во Манчестер.
Од албанските кланови се издвојуваат Хелбенијац од источен Лондон, кои на Инстаграм се фалат со скапи автомобили, оружје и големи суми пари.
„Албанските криминални кланови се собираат во Обединетото Кралство, но не можат да влезат во Ливерпул, кој го држат локални гангстери“, тврди експертот.