Палестинскиот премиер се расплака на состанок на владата

Палестинскиот премиер Мохамед Штајех се расплака за време на состанокот на кабинетот на палестинските власти додека ја раскажуваше приказната за мајката чии деца биле затрупани под урнатините во Газа.

Да потсетиме, израелската армија веќе еден месец жестоко бомбардира цели во Газа со цел да се одмазди за нападот на милитантите на Хамас.

„Децата си ги пишуваат имињата на нивните тела за да може да ги идентификуваат ако загинат. Мајката на трите деца кои се затрупани под урнатините им порачува на своите деца: „Да ве видам, макар и на сон“, рече Штајех и се расплака.

Израел под притисок на меѓународната заедница
„Израелскиот министер за наследство не беше задоволен со 10.000 мртви, повеќе од 25.000 ранети и милион раселени. Сакаше да ја види Хирошима во Газа. Сакаше да види геноцид извршен со нуклеарна бомба што Израел ја поседува. Крвожеден човек сака да убива заради убивање“, продолжи тој.

„Меѓународниот кривичен суд сега мора да издаде налог за апсење на криминалците како чекор на претпазливост за да се запре машината за убивање. Ги поздравувам земјите кои ќе поднесат барања до судот за кривично гонење на криминалците. Од уѓе со совест и бранители на човечките вредности се бара брзо да дејствуваат за да се запре агресијата што го претвори Појасот Газа во крвав појас“, рече тој.

Откако ги отфрли повиците за прекин на огнот, Израел е под постојан притисок да се обиде да избегне цивилни жртви за време на воените операции. Газа е едно од најгусто населените места во светот, каде милитантите на Хамас се мешаат со цивилното население и го користат како жив штит.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.