Капитенот на Македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев преку својот Твитер профил потврди дека во изборот на УЕФА за тренер на годината гласал за Дел Боске, а не за Жозе Мурињо.Пандев беше во центарот на вниманието деновиве во Шпанија, откако изјави дека во изборот на ФИФА за тренер на годината гласал за својот поранешен тренер Жозе Мурињо, а неговиот глас сепак завршил на контото на Висенте Дел Боске.„Вистина е. Гласав за Дел Боске. Им се извинувам на сите. Немав намера да повредам некого'', напиша на својот Твитер профил капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев.Светската фудбалска федерација ФИФА, во четврток со соопштение го демантираше Горан Пандев, кој изјави дека во гласањето за тренер на годината својот глас му го дал на Жозе Мурињо, а не на Винсенте дел Боске.„Имаме потпишани документи од Фудбалската федерација на Македонија, во нив јасно се гледа дека гласовите кои ги објавивме во име на Пандев се истите кои ги добивме од Македонија“, стои во соопштението.Од ФИФА, нагласија дека овие документи лесно можат да и станат достапни на јавноста и појаснија дека истите биле поднесени на 9 ноември 2012 година.Инаку, во четвртокот, многу влијателни европски медиуми ја пренесоа изјавата на Пандев, која ја дал за италијанската телевизија „Ла Секста“, во која капитенот на македонската репрезентација тврди дека својот глас за тренер на годината му го дал на својот поранешен тренер Жозе Мурињо.
МакфаксКапитенот на Македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев преку својот Твитер профил потврди дека во изборот на