Управниот одбор на фудбалскиот клуб Партизан од Белград, на вонредната седница реши да му врачи отказ на тренерот Владимир Вермезовиќ.
Истовремено, Управниот одбор на клубот, за наследник на Вермезовиќ го именува поранешниот играч на клубот 40-годишниот Вук Рашовиќ, кој претходно беше тренер на филијалата на Партизан Телеоптик. Вермезовиќ доби отказ поради серијата на лоши резултати, Партизан во последниот месец успеа да ги загуби девете бодови од предноста која ја имаше во однос на Црвена звезда, со што сериозно во прашање ја доведе одбраната на титулата. На пет кола до крајот на првенството во Србија Партизан е лидер со само два бода повеќе од Црвена звезда.
Управниот одбор на фудбалскиот клуб Партизан од Белград, на вонредната седница реши да му врач