Кошаркарите на МЗТ Скопје го претрпеа и седмиот пораз во низа, откако вечерва, повеќе од очекувано, убедливо беа прегазени во пресметката со евролигашот Партизан (120-67), што е најтежок пораз за „металците“ досега во настапите во АБА-лигата.
Црно-белите уште од самиот почеток го наметнаа својот ритам и уште во првата четвртина го решија прашањето околу победникот (29-15), по што само рутински до доиграа натпреварот. Но, големиот квалитет со кој располагаат белграѓани значеше дека таа рутина на крајот донесе катастрофа за гостите од Скопје, кои не прикажаа ама баш ништо. Згора на тоа, ова може да биде двоен пораз за нив, со оглед што во вториот период на дебито во сино-белиот дрес се повреди Американецот Кеандре Кук.