И покрај поднесената кривична пријава против Артан Груби, политичките партии кои се дел од Европскиот фронт, засега не планираат да се оградат од ДУИ. Зијадин Села вели дека никогаш не бил зависен од нечии постапки, а ова што се случува во ДУИ го оквалификува како нивен внатрешен проблем. Тој рече дека активностите на Груби не можат да влијаат на АА. Села го повика Груби да се соочи со правдата.
„Алијанса за Албанците никогаш не го засновала своето политичко дејствување на некој друг. Овие работи треба да се делат. Ние сме во коалиција со многу политички субјекти во рамките на Европскиот фронт и тоа не влијае на АА. Секогаш сме биле свои и ќе продолжиме да бидеме свои“, рече Села.
– Дали Алијанса продолжува со Европскиот фронт или не?
„Да, секако“, вели Села.
Лидерот на Народното движење Скендер Реџепи се сомнева во правосудниот систем во државата. Вели дека со оглед на досегашниот речник на Владата, може да има простор за реваншизам. Европскиот фронт сега треба да биде пообединет отколку пред изборите, рече Реџепи.
„Тоа е негова лична работа. Јас лично сметам дека секој треба да остане на своето место и во времето кога си ги користел сите придобивки, треба да останете и одговорни, без да се прејудицира неговата вина или невиност. Сметам дека сите треба да се соочат, но верувам дека порано или подоцна ќе се вратат да се соочи додека не се создаде клима која ќе биде навистина објективна за третман на ваков случај бидејќи знаеме дека Владата води лов на вештерки против поединци и неслучајно се користи за дневно-политички цели“, рече Реџепи.
Го контактиравме и со првиот човек на Демократската Партија на Турците, Бејџан Иљас. Тој рече дека не го напушта Европскиот фронт, додека случувањата во ДУИ ги оквалификува како внатрепартиски проблеми. Се обидовме да стапиме во контакт со пратеникот Салих Мурат, но тој не беше достапен. ДПА на Мендух Тачи се повлече од Европскиот фронт пред неколку месеци.
Извор АЛСАТ