Во време кога се зборува за инфлација, за криза, за штедење, за мерки да им се помогне на граѓаните, партиите не застануваат.
Во 2019 политичките партии без дебата, откако се постигна политички договор помеѓу водечките партии во земјава со 101 глас „ЗА“, го сменија Законот за финансирање на политичките партии и од буџетот на годишно ниво добиваат 0,15 проценти од вкупните приходи во државната каса.
Партиите си поделија скоро 3.5 милиони евра, среде криза. И не слушнавме ниту една партија да каже дека се откажала од својот дел од „колачот“.
Ние сметаме дека овој закон треба целосно да се укине. Истиот носи штета на државата од околу 15 милиони евра за 4 години мандат.
Колку градинки се тоа? Колку школи се тоа?
Годинава со највисока сума е ВМРО-ДПМНЕ со добиени 44.896.821 денари, или 730.000 евра, додека на СДСМ му се исплатени 41.651.357 денари, што е 680.000 евра. Сумите се нешто поголеми во однос на лани, кога парите беа исплатени во јули, поради зголемениот буџет на државата.
ДУИ е трет со околу 350.000 евра, пред Алијанса на Албанците со 150.000 евра. Интересно е тоа што годинава Левица се искачи на петтото место со 7,5 милиони денари, додека лани сумата која ја доби беше 4.288.877 денари. Беса има пад од 10,9 милиони на 6,35 милиони денари. На сметката на Алтернатива, која обезбеди владеачко мнозинство во Собранието со напуштање на коалицијата со Алијанса на Албанците, легнале 5,22 милиони денари, што е голема разлика во однос на лани кога партијата доби само 708.000 денари.
Пари добија и четирите аналитичко-истражувачки центри на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Беса во рамки на оваа исплата со вкупна сума од околу 320.000 евра поделена на речиси еднакви делови.
Пари добија и четирите аналитичко-истражувачки центри на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Беса во рамки на оваа исплата со вкупна сума од околу 320.000 евра поделена на речиси еднакви делови.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.