Македонскатата репрезентативка во традиционално таеквондо Христијана Парулеска освои бронзен медал во спаринг-борби за јуниорки од 14 до 15 години на Светското превенство што се одржува во Астана, Казахстан.
Парулеска е најдобрата континентална кадетка, со златен медал освоен на Европското првенство одржано годинава во Италија.
На Светскиот шампионат нашата делегација отпатува со тројца натпреварувачи – Парулеска, Давид Крстески и Елена Јанеска.
Светското првенство завршува задутре.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.