Анастасија Ражнатовиќ организирала прослава по повод својот 21 роденден, а оваа година одлучила сама да ги покрие трошоците за гламурозната прослава.
Откако успешно ја гради музичката кариера, Анастасија станала финансиски независна, па Цеца одлучила да ѝ приреди едно изненадување.
Таа кај својот пријател, златарот Небојша Бојовиќ нарачала уникатен ѓердан, кој на ќерка си ѝ го подарила за роденден. Тоа е ѓердан од бело злато со дијамант, чија вредност достигнува 10.000 евра.
-Цеца никогаш не штедела кога се работи за нејзините деца. Многу е горда на Таса бидејќи израсна во сериозна девојка која умее да се грижи сама за себе. Затоа и се воодушеви кога ќерка ѝ соопшти дека сама ќе ја финансира својата прослава, вели изворот.