Педијатар д-р Марина Николовска: Заштитете ги децата од топлотни шокови

Кога одите на пат со мало дете се препорачува почесто правење на паузи и прилагодувње на брзината на патот. Доколку во текот на патувањето дојде до повракање се препорачува и подолга пауза од 1 час за да може да се смири желудникот и нагонот за повракање како и невнесување на храна и течности во тој 1 часа пауза после повракањето. Најдобро е детето да биде сместено во седиште за кола кое ке биде анатомско и со заштитни појаси. Кога  патувате со деца треба со вас да имате доволно течности, сокови и лесно сварлива храна. Оброците да бидат еден час пред тргнување на пат.

Педијатар д-р Марина Николовска: Заштитете ги децата од топлотни шокови

       Не се препорачува летување со бебе под 2 месеци. Избегнувајте ги подалечните дестинации доколку се работи за помало дете и патување во попладневните часови. Најавете го вашето патување на вашиот педијатар, бидете во контакт со него за време на одморот.

      Постојат неколку правила кои треба да ги почитувате за да имате пријатен одмор а малите да бидат безбедни:

Користете крема за сончање и одбегнувајте дирекно изложување на сонце

Бебешката кожа е нежна и тенка, неопходно е пола час пред излегување на сонце да се користи минимум фактор 50 и после секое излегување од вода.На тој начин ке спречите изгореници и рак кожа во подоцни годнини. Не го изложувајте на дирекно сонце во периодот  од 11 до 17 чaсот , кога е УВ-индексот највисок.  Сонце воопшто не се препорачува кај деца пред 6 месеци.

УВА и УВБ зрачењето и инфрацрвеното зрачење (ИР-А) го сочинуваат 50% од сончевиот спектар.Инфрацрвеното зрачење е 4 пати поштетно од УВА и УВБ зраците заедно, а тоа доведува до бројни акутни и долготрајни оштетувања на кожата.Затоа,  секогаш кога одите на плажа со дете мора да имате чадор со сенка, дури и во препорачаното време за изложување на сонце доколку е подолго време на сонце може да дојде до изгореници и топлотни удари кои настануваат многи побрзо отколку кај возрасни. Облеката треба да биде памучна и лесна и редовно да се носат заштитни очила и капи.

Бидете сигурни дека е добро хидрирано

Губењето на течности (пролив и повраќање) и евапорација(прекумерно потење) е најголемата опасност во летните периоди за децата. Давајте вода, овошни сокови, овошје и нектарини што содржат повеке вода( лубеница, праска, кајсија, диња….). Доколку приметите вашето дете да е малаксано можете да давате и дополнително електорлити преку уста кои ке придонесат за негова хидрација. Електролитните раствори можат да бидат како готови електролитни раствори или во вид на прашок и се раствараат во вода или чај.Се даваат по 5 мл на 5 минути, доколку детето не ги поврака може и по 10-15 мл на 5 мин.Во случај на упорни повракања и течни столици јавете се во најблиската здравствена установа за преглед на вашето дете.

Репеленти и препарати за ублажување на убоди од инсекти

Репелентите се препарати кои ги одбиваат инсектите, односно ги спречуваат да се приближат до кожата, а со тоа се спречуваат убодите. Можат да бидат во форма на креми,лосиони, спрејови, ролони, алки за на рака, апарати….

Препаратите после убоди од инсекти  се користат за да ја намалат локалната хистаминска реакција со тоа ја ублажуваат болката и чешањето.

Антипиретици-лекови за намалување на покачена температура, кои воедно се и аналгетици-намалуваат болка

Покачена температура обично настанува при вирусни и бактериски инфекции, но и при сончаница настаната при изложување на сонце. Температура до 38 не се намалува со антипиретици, само со разладување со 70% алкохол во сооднос 50:50 со вода (пола алкохол пола вода).  За температура повисока од 38,5 се дава антипиретик.

При покачена температура се даваа: парацетамол или ибупруфен, во форма на сируп кај помали деца односно во форма на таблети или дражеи кај поголеми деца. Доколку детето одбива да пие лек преку уста или повраќа потребно е да носите со вас и чепче(супозиторија) парацетамол која НЕ треба да се става доколку детето има течна столица (дијареа). Не треба да се заборави дека кај секое дете со покачена телесна температура треба да се зголеми внесот на течности и вода.

Пробитици во превенција на течни столици

Клиничките испитувања покажаа дека пробитиците играат важна улога во третманот на акутна дијареа(пролив) и ја спречуваат нејзината појава после третман со антибитици и при патување. Пробитиците содржат корисни бактерии кои го потпомагаат варењето на храната,ја одржуваат цревната перисталтика и помагаат во формирање на нормална столица. Влијаат на целокупниот општ имунитет. Се препорачува да се користат превентиво 3-4 дена пред тргнување на пат и за време на одморот.

Лекови за алергиска реакција

Причините за алергиските реакции во летниот период се многубројни: храна, полен, трева, алергиска реакција од инсекти, контакти алергии (хемикалии од базент, прашок со кој е перена постелнината во хотелот…) Овде ке ја спомнеме и алергиската реакција од сонце (иако тоа не е класична алергиска реакција). Антихистаминиците се лекови кои се даваат против алергија некоолку дена и два дена после завршување на кожната алергиската реакција.

Доколку со алергиските манифестации се појават: отежнато дишење, оток на очните капаци и усна, оток на јазик, промена на гласот НЕОПХОТНО Е ДА СЕ ПОБАРА ЛЕКАРСКА ПОМОШ.

Што дополнително може да содржи вашата аптека на одмор со дете?

Креми и спрејови за изгореници, дезинфекциони средства, антибиотски масти или креми за кожни инфекции, стерилни гази и ханзапласт за евентуална прва помош при повреда. Ацикловир маст треба да носите ако детето( важи и за возрасни) има сколоност кон појава на херпеси на усните. Витаминска терапија. Инхалатор доколку има склоност кон долнореспираторни инфекции.

     За да бидете сигурни и безбедни со вашето дете секогаш имајте информација која е најблиска здравствена установа и  каде  можете да го прегледате вашето дете и да добиете прва помош за него и за вас!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.